Важна безбедносна напомена

Сопствениците на аголни брусилки од сериите GWS 20, GWS 22, GWS 24, PWS 20, PWS 1900 и PWS 2000 од периодот на производство од јуни до август 2016 како и од моделот GWS 24-230 JVX Professional со сопирачка од периодот на производство од февруари до октомври 2016 се замолуваат да внимаваат на следното: Овие уреди од овој момент не смеат повеќе да се користат или да се предадат на други лица. Засегнатите уреди ќе се заменат или поправат бесплатно. На овој линк ќе најдете Безбедносна напомена.

На овој начин ќе проверите, дали ова се однесува на вашата аголна брусилка:

1. Проверете, дали имате уред од засегнатите модели:

Следните модели може да бидат засегнати: Произведени уреди во Русија од сериите GWS 20, GWS 22, GWS 24, PWS 20, PWS 1900 и PWS 2000. Кој модел го имате можете да прочитате директно на уредот (каде точно, видете на следната слика).

Доколку имате уред од наведените модели, Вашиот уред би можел да биде засегнат. За да го проверите ова, Ве молиме продолжете со чекор 2. Доколку Вашиот уред не припаѓа на овие модели, тогаш тој не е засегнат. ВАЖНО: Ги замолуваме сопствениците на моделот GWS 24-230 JVX Professional со сопирачка, чија аголна брусилка била поправена и покрај периодот на производство меѓу јануари и ноември 2016, да стапат директно во контакт со нас преку нашата телефонска линија.

2. Проверете, дали вашиот уред е засегнат:

Внесете го бројот на уредот и серискиот број на вашата аголна брусилка во следниот формулар за проверка. Каде да ги најдете на вашиот уред, ќе видете на приказот на следната слика. Внимавајте, двете полиња мора да бидат пополнети.

За да не контактирате, користете го контактниот формулар.

За формуларот за контакт